
Португалските здравствени власти објавија дека новиот вид на коронавирус наречен „омикрон“ бил откриен кај 13 фудбалери и персоналот на Белененсес. Фудбалерите на португалскиот прволигаш се заразиле откако еден од играчите се вратил од Јужна Африка, а вирусот омикрон бил откриен по првенствениот натпревар помеѓу Белененсес и Бенфика во саботата.
Белененсес споменатиот натпревар го започна само со девет играчи, а остатокот од тимот беше во изолација. По полувремето само седум играчи се вратија на теренот и играта беше прекината при водство на Бенфика со 0-7.
„Сите сме во изолација, освен младата екипа која не играше во саботата. Вкупно 44 лица се во изолација. Двајца или тројца играчи и исто толку членови на персоналот имаат благи симптоми. Сега чекаме да се повтори тестот штом ќе биде одобрен од здравствените власти“, изјави портпаролот на Белененсес.
Уште во саботата, претседателите на Бенфика и на Белененсес на прес-конференција изјавија дека мора да го одиграат натпреварот во спротивно ќе ризикуваат казна за неоправдано отсуство. Тие ги обвинија раководните лица на португалската лига и здравствените власти што не дозволиле натпреварот да биде одложен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
