Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години го доживеа и вториот пораз во елитните квалификации за пласман на ЕП. Селекцијата која ја предводи Тони Јакимовски по стартниот пораз од Украина, денеска е поразена и од Швајцарија со 2-0. По ова загубени се шансите за пласман на Европското првенство.
Швајцарците поведоа со голот на Калисте Лиге јуниор во 12. минута. Триумфот го потврди Ромео Бенеј со погодокот од пенал во 80.минута од дуелот.

Во третиот меч, Македонија ќе се сретне со Летонија, а за пласман на Европското првенство од групата 7 ќе решава дуелот меѓу Украина и Швајцарија.
Македонија – Швајцарија 0-2 (0-1);
МАКЕДОНИЈА: Петар Јакимов, Андреј Велков, Ѓорѓе Џеков, Марко Стојилевски, Лорик Каба, Адриан Зенделовски, Мартин Ѓорѓиевски, Димитар Данев, Андреј Аризанкоски, Теодор Николовски, Никола Величковски;
Резерви: Љупче Џеков, Лорик Мухтари, Даниел Марковски, Зани Назифи, Давор Серафимов, Валон Алији, Хакија Цаноски;
Селектор: Тони Јакимовски;
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Интернационалци
Давид Тошевски со дебитантски гол за Дендер во Белгија (ВИДЕО)













