Connect with us

Фудбалерите до 19 години ремизираа со Казахстан, но како второпласирани одат во следната рунда

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години го освои второто место на квалификацискиот турнир во Полска. Селекцијата на Тони Јакимовски ремизираше 1-1 против Казахстан, но во прилог одеше и ремито (3-3) меѓу Полска и Германија.

Македонија се пласира на втората позиција, веднаш зад гоилемиот фаворит Германија.

На денешниот меч со Казахстан, противникот поведе со голот на Мухаметханов во 25.минута, а потоа истиот фудбалер беше исклучен во 60.минута поради два жолти картони.

Израмнувањето (1-1) за Македонија го донесе Адријан Зенделовски во 81.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови