Connect with us

Фудбалерите до 19 години мотивирани пред дуелот со Украина: Ова е голема шанса Македонија пак да биде на ЕП

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години утре го започнува походот за пласман на Европско првенство кое следната година ќе се одржи од 15 до 25 јули во Северна Ирска. Нашите млади фудбалери во првото коло од групата 7 во рамките на мини квалификацискиот турнир, на домашен терен ќе се соочат со силната селекција на Украина.


Избраниците на селекторот Тони Јакимовски денеска го одработија официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар со Украина.

„Мислам дека можеме да го повториме успехот, подготвени сме да одговориме на предизвикот. Се соочуваме со проблеми околу повредени фудбалери. Нема да можеме да сметаме ниту на Елмас за овој турнир. Што се однесува до Даниел Марковски, тој е под знак прашање. Ќе се обидеме да направиме сѐ што е во наша моќ да го оспособиме за утрешниот натпревар.

Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата, нешто што не красеше и на квалификацискиот турнир во Полска. Желбата и мотивацијата кај фудбалерите се на едно највисоко ниво. Иако групата на прв поглед е неатрактивна, меѓутоа е многу силна. Се надевам дека ќе одиграме тимски и ќе дадеме се од себе. Верувам во успех“, изјави селекторот Тони Јакимовски.

Капитенот Мартин Ѓоргиевски во името на сите соиграчи од тимот ветува дека ќе дадат и повеќе од максимум на теренот.

„Свесни сме за шансата која ни се укажува, а тоа е можност за пласман на Европско првенство. Не знам дали некогаш повторно би имале прилика да се бориме за нешто толку големо и значајно за Македонија. Се подготвуваме, денеска го имаме последниот тренинг пред утрешниот меч. Знаеме дека нѐ очекува тежок натпревар против Украина, но ние сме подготвени, со нетрпение го очекуваме утрешниот меч и се надевам дека ќе оствариме позитивен резултат“, изјави Мартин Ѓорѓиевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови