Репрезентацијата на Македонија до 15 години загуби со минимални 1-0 од соодтветната селекција на Хрватска во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.
Хрватите единствениот погодок на денешниот меч го постигнаа во 18. минута. Македонија најдобрата прилика ја имаше преку Стојковски на почетокот на второто полувреме, но неговиот удар со фантастична одбрана го скроти домашниот голман. Исламовиќ беше најзапазен и најопасен наш играч кој неколку пати успеа сериозно да се закани по голот на Хрватска.
Првиот контролен натпревар помеѓу овие селекции заврши со победа на Хрватска од 4-0.
Македонија: Антонио Атанасов, Бленди Љачка, Мартин Џангаровски, Матеја Масев, Фадиљ Исламовиќ, Јаков Стојковски, Андреј Цветковски, Матеј петков, Ердин Мамути, Сонер Ракипи, Лука Грчевски;
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Интернационалци
Давид Тошевски со дебитантски гол за Дендер во Белгија (ВИДЕО)













