
Идното засилување на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, денес успешно ги поминал медицинските прегледи како дел од трансферот од Ривер Плaтa.
Како што веќе беше најавено, „кралскиот клуб“ ќе плати 45 милиони долари (околу 40 милиони евра) за 17-годишниот талент, кој ќе потпише договор до летото 2031 година. Меѓутоа, тој ќе се приклучи на Реал на 15 август – само еден ден по неговиот 18. роденден, пренесува шпанскиот весник „АС“.
Ова значи дека Мастантуоно ќе настапи на Светското клупско првенство во САД во дресот на Ривер Плата, пред конечно да се пресели во Мадрид. Првичната желба на аргентинскиот клуб беше играчот да остане до зимата, но шпанскиот гигант инсистирал да го ангажира уште летово.
Според „Кадена СЕР“, новиот тренер на Реал, Чаби Алонсо, планира веднаш да му даде шанса на Мастантуоно во стартниот тим на десната страна од нападот, оставајќи ги Родриго, Арда Ѓулер и Браим Дијаз во втор план.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal