
Баер Леверкузен се сопна токму кога најмалку смееше – на гостувањето кај Фрајбург одигра само нерешено, 2-2, резултат што директно го круниса Баерн Минхен како нов шампион на Бундес-лигата. Ова е вкупно 34. титула за баварскиот гигант, кој повторно се враќа на тронот по кратката пауза.
Фрајбург одигра храбар меч и со головите на Егештајн и автоголот на Хинкапи поведе со 2-0, Флоријан Вирц и Џонаан Тах во финишот спасија бод за Баер Леверкузен.
Сепак, тоа не беше доволно за да се одржат и понатаму шансите за титула.
За Хари Кејн ова е посебен момент – по години чекање и срцепарателни финалиња без среќен крај, конечно го освои својот прв трофеј во кариерата. Историја за Англичанецот, радост за Баерн Минхен.
Баерн сега има недостижни 76 бода, осум повеќе од Леверкузен на две кола до крајот. Во меѓувреме, Фрајбург со 52 бода ја мина Борусија Дортмунд и сега стои на четвртата позиција – последната што води во елитното европско натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија
