Connect with us

Фонсека: Не знам дали ќе бидам тренер на Рома следната сезона

Рома оствари пласман во полуфиналето на Лигата на Европа, а тренерот Пауло Фонсека не знае дали и во следната сезона ќе го предводи тимот на „волчицата“. Римскиот клуб синоќа одигра 1-1 против Ајакс и се протна во полуфиналето каде ќе го одмери силите против Манчестер Јунајтед.


„Мислам дека игравме добро во одбраната. Имавме помалку проблеми отколку во Амстердам. Ајакс игра многу добро, особено во нападот. Ова е гордост за Рома, сите сме многу среќни. Знаевме дека имаме предност по првиот натпревар и дадовме се од себе да ја сочуваме. Полуфиналето не менува ништо околу мојот однос со клубот. Не знам дали ќе бидам тренер на Рома следната сезона“, изјави Фонсека за „Скај Италија“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови