Connect with us

Фиорентина сонува за Елиф Елмас

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Тренерот Виченцо Италијано го предал списокот со желби на раководството на клубот, а меѓу приоритетите се наоѓа името на Елмас, заедно со Луис Алберто од Лацио.

Италијанските медиуми сепак наведуваат дека и двете желби на Фиорентина се речиси невозможна мисија за ова лето.

Елмас има договор до јуни 2025 година и Фиорентина за него сигурно ќе треба да идзвои околу 40 милиони евра. Тоа во моментот е надвор од досегот на „вилетовите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови