Mакедoнскиот репрезентативец Филип Антовски е нов член на чешкиот клуб Карвина. Тој доаѓа како позајмен играч од Австрија Виена. Во првиот дел од сезоната Антовски настапуваше за хрватскиот клуб Истра, а сега ќе настапува во првенството на Чешка.
„Филип е агилен и технички умешен фудбалер на перспективна фудбалска возраст. Баравме лев бек и драго ми е што што успеавме да го доведе Антовски“, изјави спортскиот директор на МФК Карвина, Лубомир Влк.
Антовски е дете на Вардар Скопје, а дел од својата досегашна кариера ја помина во Динамо Загреб, Славија Софија, Австрија Виена и Истра.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski