Фил Фоден вчера бил опериран во Лондон откако му бил дијагностициранa акутнo запаление на слепото црево, соопшти Манчестер Сити. Поради оваа причина, крилниот напаѓач не беше дел од составот на Англија на натпреварот против Украина.
Тој сигурно нема да биде достапен и за дербито со Ливерпул на 1 април. Клубот не прецизираше рок за враќање на 22-годишниот фудбалер, но според англиските медиуми под знак прашалник е и неговото учество во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Пресметките со Баварците се на 11 и на 19 април.
Фоден може да пропушти околу четири недели. Ова би била исклучително лоша вест за менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, бидејќи англискиот репрезентативец е еден од клучните играчи во неговиот тим. Фоден има 13 гола и шест асистенции во 36 настапи за Сити во сите натпреварувања оваа сезона.
We can confirm that Phil Foden has withdrawn from the England squad after undergoing surgery.
— Manchester City (@ManCity) March 26, 2023
Wishing you a speedy recovery, Phil 💙
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal