
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) преговара за „комплексна евакуација“ на фудбалерките и другите спортисти од Авганистан, откако на власт дојдоа Талибанците.
ФИФА соопшти дека „работи со владите и релевантните организации“ за ова прашање, објави „Би -Би -Си“.
„Раководството на ФИФА е лично вклучено во комплексната евакуација на фудбалерите и другите спортисти. Ова е крајно предизвикувачки и со оглед на деликатната и нестабилна ситуација на теренот, не можеме да изнесеме детали во оваа фаза”, се вели во соопштението.
На почетокот на месецот, Светската куќа на фудбалот им пиша на владите на бројни земји и побара од нив да ги евакуираат фудбалерите.
Австралиските власти евакуираа 50 спортистки во вторникот, откако изразија загриженост за нивната безбедност под режимот на Талибанците. Се кријат бројни фудбалери од Авганистан.
Евакуацијата на аеродромот продолжува, иако десетици Авганистанци и 13 припадници на американската армија загинаа во вчерашниот напад на двајца бомбаши -самоубијци и вооружени мажи. Најмалку 150 луѓе беа повредени.
Рокот за повлекување на американските сили од Авганистан истекува на 31 август, а Талибанците инсистираат да се почитува тој рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
