
ФИФА воведе ново правило околу позајмиците на фудбалерите по клубови, ограничувајќи го бројот на максимум осум за следната сезона. Оваа бројка ќе се намали до максимум шест во 2024 година.
Идејата на ФИФА за да се ограничи бројот на заеми е со цел да се поттикне „домашен развој на фудбалери“ и да се спречат „трансферни малверзации“, а пред се да се оневозможат големите клубови да купуваат огромен број фудбалери, а птооа да ги испражаат на позајмица. Како што тврди ФИФА, со тоа се нарушува натпреварувачкиот баланс во европскиот фудбал.
ФИФА со новиот правилник сега во секој заем ќе бара финансиски податици и точно време на траењето на заемот, а минимумот ќе биде шест месеци помеѓу два преодни рокови, а максимумот една година, плус се забранува „втор заем“ на трет клуб, а се ограничува и бројот на заеми од еден клуб на само три. Што значи дека повеќе од три фудбалери не може да дојдат од еден ист клуб во друг во тек на една сезона.
Од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 максимумот на влезни и излезни заеми во еден клуб се ограничува на по осум, односно нема да може повеќе од осум играчи од еден клуб да одат на заеми во друг, ниту пак еден клуб да има повеќе од осум позајмени фудбалери во текот на една сезона.
Следната сезона бројот на позајмени фудбалери ќе се намали на седум, а од 1 јули 2024 година, бројката ќе биде скратена на максимум шест.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
