ФИФА ги објави имињата на 11 најдобри играчи во 2021 година, а од нив ќе се бара и добитникот на наградата „The Best“.
На списокот се Карим Бензема (Реал Мадрид), Кевин Де Бруин (Манчестер Сити), Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед), Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Лионел Меси (ПСЖ), Нејмар (ПСЖ), Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Жоргињо (Челси), Н’Голо Канте (Челси), Килијан Мбапе (ПСЖ) и Мохамед Салах (Ливерпул).
Тројцата финалисти за наградата најдобар во светот ќе бидат избрани на почетокот на јануари. Меси ја освои оваа награда во 2016 и во 2019 година, Роналдо во 2017 година, Модриќ во 2018 година, а Левандовски минатата година.
Во конкуренција за најдобар голман се Алисон Бекер (Ливерпул), Џанлуиџи Донарума (ПСЖ), Едуард Менди (Челси), Мануел Нојер (Баерн) и Каспер Шмајхел (Лестер).
Гласањето на сајтот на ФИФА е дозволено до 10 декември, а церемонијата на прогласување на најдобрите е закажана за 17 јануари 2022 година.
🏆 Nominees: #TheBest FIFA Men's Player
— FIFA.com (@FIFAcom) November 22, 2021
Karim Benzema
Kevin De Bruyne
Cristiano Ronaldo
Erling Haaland
Jorginho
N’Golo Kanté
Robert Lewandowski
Kylian Mbappé
Lionel Messi
Neymar
Mohamed Salah
🗳 VOTE NOW 👉 https://t.co/RustQcOw6D pic.twitter.com/0MsRp4Dw6T
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal