Фудбалската федерација на Македонија ги извести фудбалските клубови од сите рангови на натпреварување за можноста за апликација за добивање на ваучер за користење на средствата од даночното ослободување по Законот за данок на добивка. Барањето треба да биде доставено до ФФМ до четврток.
„Уредно пополнетото, заверено и потпишано барање да се достави во архивата на Фудбалската Федерација на Македонија до 14.01.2021 (четврток) до 16:00 часот, како и по електронски пат на следниве адреси: ffm@ffm.com.mk, zarko.ignjatovski@ffm.com.mk, stojce.atanasovski@ffm.com.mk, nikola.zerdeski@ffm.com.mk. Со право за користење на ваучер за користење на средства од даночно ослободување се стекнуваат оние клубови кои биле активни во последните две натпреварувачки сезони“, истакнуваат од Фудбалската федерација на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













