Спроти почетокот на новата натпреварувачка 2024/25 сезона во македонскиот фудбал, Комисијата за натпреварување при Фудбалската федерација на Македонија го организираше редовниот семинар за делегати во натпреварите од Прва и Втора МФЛ.
На семинарот се дискутираше за новата натпреварувачка сезона која почнува наредниот викенд, односно промената на одредени точки во пропозициите за Прва МФЛ, Втора МФЛ и Куп натпреварите, односно нивното дополнување.
На редовниот семинар присутните имаа можност да го слушнат и предавањето од страна на Роберт Марковиќ од Комисијата за безбедност и интегритет при ФФМ, во кое беше детално објаснета и програмата на УЕФА што се однесува до еден од најголемите проблеми во модерниот фудбал, а тоа е местење на натпревари.
На редовниот работен состанок, беше одржано предавање од страна на членот на судската комисија за едукација и анализа при Фудбалската федерација на Македонија, Марјан Кироски, со кое беа објаснети измените во правилата на фудбалската игра за новата сезона во македонскиот фудбал, а кои се во согласност со УЕФА критериумите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мареска: Делап повторно ќе паузира долго













