
За македонскиот фудбал и активностите кои се превземаат за унапредување на условите и квалитетот на фудбалската игра кои се одвиваат во националните натпреварување, Фудбалската федерација на Македонија за првата половина од натпреварувачката сезона 2020/21 целосно ги подмири трошоците за патувања на екипите од сите младински лиги во рамки на ФФМ, Првата и Втората футсал лига и лигата во женска конкуренција. Исто така, Фудбалската федерација на Македонија продолжи да ги покрива целосните трошоци за официјалните лица на натпреварите во сите категории.
„Во изминатиот период еден од главните приоритети на нашата федерација, согласно стратешкиот план беше вложувањето во фудбалската инфраструктура и целосна поддршка во секаква смисла за Националните репрезентации и академиите на ФФМ.
Реализацијата на низа проекти, започнувајќи од стадионите во Прилеп и Чаир кои се веќе завршени, преку „Билјанини Извори“ во Охрид и стадионот во Кавадарци кои се во завршна фаза, потоа тетовско Џепчиште и вештачкиот терен во Струмица и започнувањето со активности на стадионот во Штип ни дава за право да веруваме дека можеме да одиме чекор повеќе во создавањето квалитетна спортска инфраструктура, но исто така да бидеме од помош за лигите и развојот на младинскиот, футсал и женскиот фудбал.
Фудбалската федерација на Македонија веројатно е единствената спортска институција во нашата држава која на таков начин, со средства од свои и извори од меѓународните фудбалски институции, ги реализира своите проекти и никогаш нема да ги изневериме очекувањата на клубовите во таа смисла. Сите наведени трошоци ќе ги покриваме и во полусезоната која нѐ очекува веќе од март оваа година и се надеваме дека тоа ќе биде поттик за сите екипи од лигите да придонесуваат повеќе во развојот на нашиот фудбал“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, за официјалниот сајт на федерацијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Белгијците очекувано го декласираа Лихтенштајн

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ
