Синоќа пред просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), свечено беа доделени сертификатите на македонските судии за користење на ВАР системот.
Овој настан претставува официјален чекор кон воведување на видео-асистент технологијата во Првата македонска фудбалска лига од следната сезона. Системот треба да помогне во носење попрецизни и фер одлуки на теренот, со што се очекува значително зголемување на регуларноста на натпреварите.
На церемонијата, секој од судиите го изрази своето мислење за ВАР системот со три збора. Дел од нив рекоа: „фер, транспарентен, напредок“, „одговорност, технологија, доверба“, или „помош, прецизност, иднина“.
ФФМ најавува дека ВАР ќе биде активен од самиот почеток на новата сезона, а судиите се подготвени да ја прифатат оваа нова ера во мак-фудбалот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













