Фудбалската федерација на Македонија има нов Генерален секретар. На денешната седница на УО на ФФМ констатиран е престанокот на законски утврдениот максимален мандат на Филип Поповски.
На седницата за нов Генерален секретар е назначена Наталија Илиевска Божиновска вработена во генералниот секретаријат на ФФМ.
На седницата на Управен одбор одржана на ден 12.07.2023 година се донесоа следните одлуки:
Усвоени се пропозициите за Куп натпреварувањето за сезона 2023/24.
Донесена е одлука за користење на средствата од Форвард 3 и Форвард 2 програмата на ФИФА за инвестициските проекти.
Усвоени се судиските, контролорските и делегатските листи за сезона 2023/24.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мареска: Делап повторно ќе паузира долго













