
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално го предаде проектот за изградба на новата западна трибина на стадионот „Билјанини Извори“ до Општина Охрид. На денешната средба во Охрид присуствуваа претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, членот на Управниот одбор на ФФМ, Тони Иваноски и претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз на Охрид, Цане Милошоски, кои остварија средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Новата западна трибина се очекува да има капацитет од 3.500 седишта и дополнителни простории, вклучувајќи 8 скај-боксови за ВИП зони. Ова е вториот инвестициски проект на ФФМ во стадионот во Охрид, по изградбата на источната трибина според меѓународни стандарди.
Покрај инвестициите на ФФМ, со овој договор Општина Охрид се обврзува да ги изгради и двете трибини зад головите, како и осветлувањето, со што стадионот ќе се трансформира во модерен спортски објект спремен за одржување на меѓународни натпревари, вклучувајќи ги и оние на македонската А репрезентација.
Со овој проект Охрид ќе стане значаен центар на фудбалот и со меѓународна спортска инфраструктура.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
