
Фудбалската федерација на Македонија денеска во просториите на „Куќа на фудбалот” донираше преку 3600 фудбалски топки на клубови, учесници во Детската лига на ФФМ.
Со оваа донација, федерацијата ја продолжи својата поддршка на клубовите кои се натпреваруваат во шесте региони во државата во детската лига на ФФМ.
Вкупно 131 клуб партиципираат во шесте региони од Детска лига на ФФМ, а повеќе од 570 екипи се натпреваруваат во шест категории за фудбалери родени од 2009. до 2014 година.
Фудбалската Федерација на Македонија ќе продолжи со големата акција за поддршка за правилен развој на најмладите во фудбалот.
Со последната поддршка која вклучуваше донација на 400 фудбалски топки за 76 основни училишта за машки фудбал и 150 фудбалски топки за 24 училишта за женски фудбал бројката на донирани фудбалски топки изнесува близу 4200.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул: Скршени сме од болка

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
