Фудбалската асоцијација на Англија започна сопствена истрага против играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали. Италијанецот неодамна доби десетмесечна суспензија поради недозволено обложување додека играше за Бреша и за Милан. Но, сега фудбалските челници на Англија сакаат да знаат дали Тонали продолжил да се коцка по неговата преселба во Њукасл во јули.
Доколку е така, 23-годишниот играч може да се соочи со дополнителна санкција, а клубот од „Сент Џејмс Парк“ нема да може да ја користи својата ѕвезда од 55 милиони фунти уште подолго.
Во последните месеци во Премиер – лигата се идентификувани два случаи на играчи кои ја прекршиле забраната за обложување. Во првиот од нив, напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони доби осум месеци суспензија, а во вториот Хари Тофоло од Нотингем Форест „изгоре“ пет месеци.
Тонали и неговиот агент признаа дека играчот страда од зависност од коцкање и веќе почнал со терапија за справување со проблемот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













