Пандемијата на коронавирусот го промени фудбалот минатата сезона. На фановите им беше забранет пристап на стадионите, а фудбалските мечеви делуваат пусто без навивачкиот „хук“. Но, тоа полека се менува, а комплетната слика треба да се врати за време на Европското првенство.
Фановите ќе уживаат на трибините на 11 стадиони на претстојното ЕП во фудбал, кое се игра од 11 јуни до 11 јули ширум Стариот континент.
Главниот град на Унгарија, Будимпешта, планира да ги отвори трибините на стадионот „Пушкаш Арена“ со полн капацитет, додека во Санкт Петербург во Русија и во Баку во Азербејџан, се очекува да бидат исполнети 50 проценти од трибините.
Сепак, другите градови домаќини како што се Рим, Копенхаген, Амстердам, Минхен, Букурешт, Севилја, Глазгов и Лондон се многу повнимателни со ваквите најави за бројот на навивачи на трибините, и затоа гледачите ќе бидат до степен што е дозволен во зависност од епидемиолошката состојба. Се проценува дека на стадионите во овие градови, гледачите ќе заземат помеѓу 20 и 30 проценти од местата на трибините.
Романија размислува за удвојување на капацитетот и дозвола за 50% од капацитетот на Националната арена во Букурешт, каде Македонија ќе ги игра првите два натпревари на Европското првенство, против Австрија и против Украина.
Ако сè се одвива според планот, во полуфиналето и финалето, кои се играат на легендарниот „Вембли“ во Лондон, и кој може да прими 90.000 гледачи, на трибините ќе може да има повеќе од 23.000 навивачи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













