Еквадорскиот репрезентативец Первис Еступињан официјално е нов член на Милан, со што ќе биде директен наследник на Тео Хернандез на левата бековска позиција.
26-годишниот дефанзивец пристигнува од англискиот премиерлигаш Брајтон, а „росонерите“ за трансферот ќе издвојат 17 милиони евра, со дополнителни 2 милиони како бонуси.
Еступињан потпиша договор до 2030 година и ќе го носи дресот со број „2“.
Со ова, Еступињан влезе во историјата како првиот фудбалер од Еквадор кој ќе настапува за Милан. Во својата досегашна кариера има настапувано за клубови како Вилјареал, Вотфорд, Осасуна и Алмерија, а последните три сезони ги мина во дресот на Брајтон, за кој одигра 84 натпревари.
Ready to patrol our left flank 🫡💨#WelcomeEstupiñan pic.twitter.com/fcyGCcQADO
— AC Milan (@acmilan) July 24, 2025
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













