
Норвешкото чудо е непрепознатливо. Ерлинг Халанд потклекна во решавачкиот дел од сезоната, а тоа беше решавачко и Борусија Дортмунд да ги загуби битките на сите фронтови.
Халанд нема постигнато гол на последните седум натпревари во сите конкуренции. Тоа е најголема негативна серија без гол во неговата кариера.
Го снема во двомечот со Манчестер Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите, не постигна ниту за репрезентацијата на Норвешка во квалификациите за СП, а го нема ниту во Бундес-лигата како стрелец.
Откако агентот Мино Раиола и неговиот татко почнаа да преговараат со најголемите европски клубови и бараат неверојатна сума за трансфер, Ерлинг Халанд едноставно како да сопре со постигнување голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal