
Селекцијата на Македонија до 17 години има нов селектор. Ерхан Селими е новиот предводник на оваа млада селекција, каде доаѓа на местото на прерано починатиот Дашмир Беари.
Селими веднаш по назначувањето, започна со работа, бидејќи младата репрезентација на Македонија ја очекуваат два контролни натпревари. Селекцијата до 17 години предводена од Ерхан Селими се наоѓа моментно во Црна Гора, каде што ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на домаќинот.
„За мене ова е нов и голем предизвик. Нормално е дека е голема одговорноста да со води младата репрезентација на Македонија до 17 години. Подготвен сум да дадам сѐ од себе и да ја оправдам довербата. Нѐ очекуваат два натпревари, во кои ќе настапиме само со играчи од домашното првенство и ќе се обидеме да оставиме добар впечаток.. Немавме многу време за подолги и посериозни подготовки, но верувам во добри настапи”, вели Ерхан Селими.
Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска и во четврток ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal