Македонскиот интернационалец Енур Тотре замина од Ворскла и кариерата ја продолжува во турскиот второлигаш Сакаријаспор. Клубот објави дека е постигнат двегодишен договор и играчот за врска се приклучува на тимот кој во моментот се наоѓа на 15. позиција во Втората лига на Турција.
Тотре минатата сезона ја одигра на позајмица во Шкендија. Играше и за Тирана, од каде направи трансфер во украинскиот клуб Ворскла. Следниот чекор во неговата кариера е Сакаријаспор.
Kulübümüz, Kuzey Makedonyalı orta saha oyuncusu Ennur Totre ile anlaşmaya varmıştır.
— Sakaryaspor (@Sakaryaspor) September 13, 2024
Ennur Totre, kendisini 2 yıllığına renklerimize bağlayan sözleşmeye imza attı.
Kamuoyuna saygıyla duyurulur. pic.twitter.com/N6jKqy2mse
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski