Македонскиот репрезентативец Енис Фазлагиќ е нов фудбалер на словачкиот прволигаш Дунајска Стреда. Тој доаѓа како позајмен играч од Висла Краков, славниот полски клуб кој лани испадна од елитата.
„Моите први впечатоци се одлични. Имам одиграно натпревар на стадионот на Дунајска Стреда и знаев какви се условите. Драго ми е што потпишав за овој тим бидејќи ДАЦ е еден од најголемите клубови во Словачка. Знам како функционира клубот, какви неверојатни навивачи има и модерен стадион. Веднаш реков „да“ на понудата. Ќе се трудам максимално да работам на себе на секој тренинг, да се усовршувам и да дадам се од себе на натпреварите“, изјави Енис Фазлагиќ по потпишувањето на договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













