
Шпанскиот Вилјареал го освои првиот европски пехар откако по епско изведување пенали во финалето на Лигата на Европа во Гдањск го совлада Манчестер Јунајтед со неверојатни 11-10. Сите фудбалери на Вилјареал го погодија ударот од белата точка, вклучувајќи го и голманот Херонимо Рули, кој го одбрани шутот на колегата од Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа.
Не треба ни да се прашува кој е тренер на Вилјареал, погодувате, тоа е специјалистот за пехари во Лигата на Европа, Унаи Емери. Успеа да стигне до четвртиот пехар во ова натпреварување, во петтото финале со третиот различен тим.
Која е тајната на Унаи Емери? Сите прашуваат за тоа, а Емери има едноставен одговор.
„Тајната е во работата. Минатата седмица анализирав комплетно 17 натпревари на Манчестер Јунајтед. Увидов дека се одличен тим, но секој тим има слаби и добри страни. Мислам дека ние добро ги искористивме слабите страни на противникот“, изјави Унаи Емери по триумфот во финалето во Гдањск.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Шешко ќе избира меѓу Њукасл и Манчестер Јунајтед

Евро-фудбал
Интер постави ултиматум за трансферот на Лукман
