
Тренерот на Вилјареал, Унаи Емери, по елиминацијата на Динамо Загреб во четвртфиналето од Лигата на Европа, во следната фаза ќе се соочи со својот поранешен клуб Арсенал. Но, како што вели, тоа нема да биде некој посебен проблем.
„Навикнат сум да играм против моите поранешни клубови, па затоа играњето против Арсенал, кој сум го тренирал, нема да биде ново искуство за мене. Ова е наша шанса да се најдеме во највисокиот ешалон на европскиот фудбал. Главната работа е да уживаме во досега постигнатото и да ја прекинеме серијата елиминации во полуфиналето. Треба да почувствуваме што се случува, да зачекориме на теренот и да уживаме во моментот“, вели Емери.
За Вилјареал ова ќе биде петто полуфинале во евро-куповите, а за Емери шесто.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal