
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е на прагот на враќање во Неапол. Се очекува тој до крајот на летниот преоден рок да се врати во Наполи, тврди наполитанскиот медиум „Ил Матино“.
Лајпциг е согласен на негов перманентен трансфер, иако Наполи сѐ уште ги „пегла“ разликите во договорот. Елмас првично треба да дојде на едногодишна позајмица, со опција за комплетен откуп на договорот.
По шестмесечната позајмица во Торино минатата пролет, македонскиот репрезентативец многу веројатно повторно ќе заигра во Италија – и повторно во дресот на Наполи.
Наполи веднаш би платил околу 2 милиони евра, а германскиот клуб следното лето ќе треба да добие уште 12 милиони евра. Трансферот треба да биде комплетиран во наредните денови.
Во периодот од 2019 до 2024 година, Елмас го носеше дресот на Наполи и одигра вкупно 189 натпревари, при што постигна 19 гола и запиша 11 асистенции. Токму со клубот од Неапол ги запиша и најсветлите моменти во својата досегашна кариера – го освои Купот на Италија во 2020 година и историското Скудето во 2023 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан

Интернационалци
Елиф Елмас е на чекор до враќање во Наполи
