Револуцерниот потег на португалскиот селектор Фернандо Сантош се покажа како една од најголемите сензации на Мундијалот. За осминафиналето против Швајцарија реши да го остави на клупата Кристијано Роналдо.
За еден од најважните мечеви на Мундијалот тој го остави капитенот, најдобриот стрелец (118) и играчот со најмногу настапи (195) во историјата на националниот тим, а можеби и најпознатиот фудбалер во светот , во позадина.
Роналдо го притискаат годините (речиси 38) и одличните млади фудбалери во португалската репрезентација, а Сантош го седна на клупата, незадоволен од реакцијата на легендата кога беше заменет на последниот, безначаен натпревар од групата против Јужна Кореја.
Ова доведе до неколку незаборавни сцени непосредно пред натпреварот меѓу Португалија и Швајцарија. Пред интонирањето на националните химни и за време на него, стотина фоторепортери со камери се стискаа пред клупата на Португалија и го снимаа Роналдо.
Останатите 22 играчи кои играа од почетокот и кои нормално секогаш се во фокусот во тие моменти никој од камерманите не го интересираше.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













