Connect with us

Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Љупчо Дориев продолжува со одличните настапи во шампионатот на Узбекистан, каде повторно се најде меѓу стрелците во триумфот на неговиот тим Согдиана против Кизилкум со убедливи 3-0.

Дориев го отвори резултатот уште во 14. минута со прецизен удар од белата точка, а подоцна се запиша и како асистент при голот на Албанецот Рубин Хебај.

Со овој настап, македонскиот офанзивец стигна до својот 15. погодок сезонава, надополнет со шест асистенции. Тој моментно се наоѓа на второто место на листата на стрелци во првенството, зад лидерот Игор Сергеев од Пахтакор, кој има три гола повеќе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови