
Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува со добрите игри во дресот на Согдиана во првенството на Узбекистан. На последниот натпревар против тимот на ОКМК, Дориев двапати се запиша во листата на стрелците, достигнувајќи до бројката од пет погодоци оваа сезона.
И покрај неговиот блесок, Согдиана беше поразена со 3-2, во натпревар во кој македонскиот офанзивец уште еднаш го покажа својот квалитет. Дориев има одличен биланс – пет голови на само шест првенствени натпревари, што го прави еден од најистакнатите поединци во својот тим.
Сезоната во Узбекистан штотуку започна, а Согдиана се наоѓа во долниот дел од табелата со една победа, едно реми и четири порази. Сепак, индивидуалната форма на Дориев претставува светла точка за клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Реал без Камавинга на стартот од сезоната
