
Најтрофејниот македонски клуб Вардар в четврток (20:15 часот) ќе се соочи со Лозана на реваншот од второто квалификациско коло во Лигата на конференции. Вардарци во Швајцарија патуваат со предност од 2-1, што дава реална надеж дека може да се обезбеди пласман во следната рунда.
Камерунскиот играч за врска Данел Донгмо, со оптимизам го очекува дуелот и смета дека битката на средината на теренот ќе биде клучна.
„Првиот натпревар одигравме одлично, сега целта е да го повториме тоа и да победиме и на гости. Според мене, силата на Вардар е во средниот ред. Ако ја добиеме таа битка, имаме големи шанси да излеземе како победници“, изјави Донгмо пред заминувањето за Лозана.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal
