
Џанлуиџи Донарума донел одлука да го напушти Пари Сен Жермен, откако со клубот ги освои сите можни трофеи.
Парискиот тим не бил подготвен да ги исполни неговите финансиски барања за продолжување на договорот, па разделбата една година пред истекот на тековниот контракт изгледа неизбежна. ПСЖ не сака да дозволи Донарума да замине без обештетување, како што и пристигна летото 2021 година, кога бесплатно потпиша заедно со Лионел Меси, Серхио Рамос и Џорџинио Вајналдум.
Италијанскиот голман веќе разгледува понуди од други клубови, а интерес не недостасува. Покрај Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, во трката се вклучиле и Баерн Минхен и Челси.
Баварците гледаат во Донарума долгорочна замена за Мануел Нојер, кој го продолжи договорот, но следната година полни 40 години и веројатно ја игра последната сезона.
Што се однесува до Челси, нивното име исто така не изненадува. Лондонскиот клуб на почетокот на летото се обидуваше да го ангажира Мајк Мењан, но преговорите пропаднаа. Иако Роберт Санчез имаше одличен настап на Светското првенство за клубови, шансата да се донесе Донарума по намалена цена се смета за ретка можност на пазарот.
ПСЖ веќе работи на негова замена и ќе го донесе Лукас Шевалије од Лил, за кого би морале да издвојат најмалку 40 милиони евра.
Се споменува дека интерес има и од Галатасарај, но речиси е сигурно дека Донарума нема да прифати преселба во Истанбул додека на маса стојат опции како Лондон, Минхен или Манчестер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер постави ултиматум за трансферот на Лукман

Евро-фудбал
Гранит Џака потпишува за Сандерленд

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал
