
По квалитетното издание на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига и ремито без голови со Шкупи, фудбалерите на Брегалница утре му гостуваат на Скопје на „Железарница“ во втората рунда натпревари од шампионатот.
Офанзивецот Дарко Додев вели дека единствено со тимска игра може да се стигне до позитивен резултат.
„Зад нас го оставаме натпреварот со Шкупи и сега целосно се фокусираме на дуелот со Скопје, тим кој во првото коло против Ренова покажа дека е квалитетна екипа која секогаш игра на резултат. Знам дека во Автокоманда тешко се освојуваат бодови, но ако го повториме пристапот и тимската игра од натпреварот со Шкупи сигурно можеме до позитивен резултат“ – вели Додев и дополнува:
„Свесни сме дека во недела ќе биде поразличен натпревар од оној против Шкупи. Не смееме да бидеме ниту најмалку опуштени и мора да го дадеме максимумот уште еднаш за да покажеме дека играта од првиот натпревар оваа сезона ќе биде наше препознатливо лице постојано“.
Натпреварот меѓу Скопје и Брегалница од второто коло во ПМФЛ се игра на СРЦ „Железарница“ в недела, со почеток од 17 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш се засили со Турчинот Толга Јакут

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче

Евро-фудбал
Болоња го врати Бернардески во Серија А

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
