Шкендија договори одлично засилување за наредната сезона откако тетовци го вратија во своите редови Егзон Бејтулаи, потпишувајќи тригодишен договор со македонскиот репрезентативец. Бејтулаи со години беше незаменлив дел од одбранбената линија на тетовци, во јануари потпиша за шведскиот прволигаш Хелсингборг, но поради семејни причини реши да се врати назад во Македонија.
Шкендија не губеше време, експресно се седна на маса со 26-годишниот дефанзивец и беше постигнат договор за тригодишна соработка.
„Знаев дека ќе се вратам еден ден, но не очекував дека тоа ќе се случи толку брзо. Тетово и Шкендија се мојот дом и возбуден сум што повторно ќе го носам црвено-црниот дрес“, изјави Бејтулаи по потписот на договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Интернационалци
Давид Тошевски со дебитантски гол за Дендер во Белгија (ВИДЕО)













