
Германскиот бундеслигаш Лајпциг е подготвен да ја намали цената за продажба на словенечкиот напаѓач Бењамин Шешко, кој е една од главните трансферни цели на Арсенал ова лето. Според информациите на германскиот „Билд“, „црвените бикови“ сега се подготвени да го продадат младиот талент за 70 милиони евра, откако првично бараа сума меѓу 80 и 100 милиони евра – бројки кои беа неприфатливи за лондонскиот клуб.
Арсенал веќе неколку месеци ја следи ситуацијата околу Шешко, но паралелно покажа интерес и за шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш. Иако двајцата имаат слична трансферна вредност, словенечкиот репрезентативец има предност поради својата возраст – тој е пет години помлад од Ѓокереш. Дополнително, раководството на „топчиите“ смета дека Бундес-лигата нуди поголема конкуренција од португалската лига, што го прави Шешко поподготвен за предизвиците во Премиер – лигата.
Шешко има важечки договор со Лајпциг до јуни 2029 година. Во сезоната 2023/24, 21-годишниот напаѓач постигна 21 гол на 45 натпревари во сите натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
