Connect with us

Диого Жота потпиша нов договор со Ливерпул

Португалскиот напаѓач Диого Жота потпиша нов договор, се пофали Ливерпул. Тој во минатите две години се наметна како значаен дел од тимот на Јирген Клоп. Тоа раководството го препозна и му понуди нов петгодишен договор.


„Морам да кажам дека сум навистина горд. Успеав да се наметнам како важен играч за клубот откако пристигнав овде пред две години, што беше моја цел од самиот почеток. Сега, потпишувањето на нов долгорочен договор очигледно е доказ за вербата на клубот во мене. Кога се борите за сите трофеи како што беше случајот минатата година, само сакате да го повторите тоа и да го направите подобро, бидејќи тоа е можно“, изјави Жота.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови