Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) го игра третиот меч во низа во септемвриските квалификации, а гостува Романија. Голманот Столе Димитриевски признава дека имал лоша реакција при првиот гол на Исланд во Рејкјавик, но се надева на добра игра против Романија и дека неговата мрежа нема да се тресе.
„На сите натпревари сум максимално посветен и размислувам да не примам гол. Исто ќе биде и против Романија. Јас направив индивидуална грешка против Исланд, потоа имавме психолошки пад и ја загубивме предноста. Но, брзо се вративме и имавме шанси за победа. Очигледно е дека на последните два натпревари, шансите што ги прават противниците се малубројни. Добро сме тимски поставени и компактни. Од моја гледна точка, ние одигравме одлични 75 минути на Исланд. Се надеваме на добра игра и позитивен резултат против Романија“, изјави Столе Димитриевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Харви Барнс го урна Сити (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Нов дебакл за Ливерпул (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













