Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, во интервју за шпанските медиуми проговори за своето тешко детство, во периодот од 2001 година. Во воениот конфликт, неговиот татко бил повикан да ја брани татковината.
„Војната? Се сеќавам дека двајцата чичковци дојдоа во нашата куќа и го земаа татко ми. Бев во дневната соба, беше ноќ и беше многу компликувано. Дојдоа со некаков лист хартија кој беше задолжителна наредба и го одведоа да ја брани татковината. Тоа беше голем шок за цело семејство и ние потоа отидовме во куќата на мојата баба, зашто таму беше посигурно. Македонија многу патеше, но денеска има простор за напредок и раст. Тој период траеше скоро една година и татко ми го видов неколкупати. Бев мал, но гледав тенкови и тоа беше шок за мене. Беше тешко, зашто знаеш дека нешто не е во ред. Но, татко ми имаше среќа зашто не беше во најопасните подрачја. Животот многу ни се смени во тој период“, изјави Столе Димитриевски.
Спортскиот пат на голманот исто така не беше лесен, уште од рана возраст замина во странство.
„Во спортот немав толку тешки периоди, зашто веќе искусив потешки. И ги прифатив, преминав над нив и продолжив со мојата цел. Мојата цел не беше да живеам од фудбалот, туку на семејството да му овозможам подобар живот. Тоа беше моја главна цел. На 17 години потпишав за Удинезе, потоа заминав на позајмица во Гранада, па Кадиз, го учев јазикот, се прилагодував и излезе тоа многу брзо. Не наидов на некои големи тешкотии“, изјави Димитриевски за интервју за „Ла Разон“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Партизан го смени тренерот Срѓан Благојевиќ













