Во големото јужноамериканско дерби меѓу Уругвај и Аргентина победата им припадна на „гаучосите“. Тие славеа со 0-1, а најзаслужен за триумфот на избраниците на Лионел Скалони беше Анхел Ди Марија, стрелецот на единствениот гол во седмата минута од натпреварот.
На се претходеше кобната грешка на левиот бек на Уругвај, Пикерез, кој ја загуби топката блиску до голот, Дибала потоа ја проследи до Ди Марија, кој мајсторски ја „тргна пајажината“ од голот на Муслера.
Во последните 15 минути играше и Лео Меси, кој пријави повреда на Пари Сен Жермен, поради која не настапи на последните два натпревари. Парижаните беа лути што Меси реши да одговори на поканата на селекторот Скалони, но не можеа да направат ништо бидејќи самите потпишаа клаузула која му дозволува натпреварите на Аргентина да ги направи приоритет.
Аргентинците се на второто место во квалификациската група со дури 12 бода повеќе од Уругвај кој ги испушта шансите за пласман на мундијалот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













