Колумбискиот напаѓач Џон Дуран наскоро би можел да го заврши својот краткотраен престој во Ал-Наср. 21-годишниот голгетер е на чекор до трансфер во турскиот гигант Фенербахче.
Двете страни веќе постигнале договор на клупско ниво, а спортскиот директор на Фенербахче, Девин Озек, во моментов се наоѓа во Колумбија каде што преговара со Дуран за личните услови на договорот.
„Сè е готово помеѓу Џон Дуран и Ал-Наср. Фенербахче е многу блиску до завршување на трансферот по добиеното зелено светло од клубот од Саудиска Арабија“, објавија турските медиуми.
Дуран, кој пристигна во Ал-Наср од Астон Вила во зимскиот преоден рок за сума од околу 80 милиони евра, постигна 12 голови на 18 натпревари. Сепак, раководството на саудискиот клуб не било доволно убедено во неговите квалитети, што го отвори патот за негово заминување.
Фенербахче, кој летово се засилува амбициозно, гледа во Дуран нова голгетерска сила пред настапите во домашното првенство и евентуално во Европа. Очекувањата се дека договорот ќе биде официјализиран во најскоро време.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













