Connect with us

Џо Кол анализира: Ливерпул купи големи засилувања, но сега нема баланс во тимот

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џо Кол, ја коментираше кризата во клубот по поразот од Брентфорд со 2-3, што беше четврти последовен неуспех за „црвените“, доведувајќи го тимот во голем резултатски пад.

„Ливерпул моментно е во тешка позиција кога станува збор за одбрана на титулата. Сите ги поддржувавме на почетокот на сезоната. Тимот се засили, го купија и Флоријан Вирц – најдобриот играч на Германија, но сега им недостасува баланс во играта“, истакна Кол.

Според него, сегашната форма на момците од градот на Битлси е целосно спротивна на она што се случи минатата сезона, кога Ливерпул стана шампион.

„Минатата сезона балансот беше совршен: никој не можеше успешно да направи контранапад против нив и немаа проблеми со статични ситуации. Сега мора да се вратат кон докажаната тактика и тоа да го одржуваат неколку недели“, додаде Џо Кол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови