
Џирона сподели емотивна фотографија од Бојан Миовски, кој синоќа во квалификацискиот дуел против Лихтенштајн постигна гол и со молитва им оддаде почит на жртвите од трагичниот пожар во Кочани.
По голот, Миовски посочи кон небото, посветувајќи го погодокот на оваа тажна случка што ја потресе цела Македонија.
Џирона ја објави фотографијата и на македонски напиша: „Нашиот најдобар стрелец“.
Македонскиот напаѓач се очекува да биде во почетниот состав и во вторник, на дуелот со Велс, надевајќи се дека ќе ја продолжи добрата форма.


Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
