
Стивен Џерард стана менаџер на Астон Вила. Замина од Глазгов Ренџерс со кој ја освои титулата шампион на Шкотска, играше и во Лигата на Европа, но поканата на клубот кој игра на многу посилна сцена беше невозможно да се одбие.
„Го сакам ризикот. Тоа е нешто што едвај чекам. Овој клуб ми одговара бидејќи знам дека навивачите се многу страстни и дека постојано има притисок за победа. За тоа живеам од својата 17-та година“, вели Стивен Џерард.
Тој вели дека преселбата во Астон Вила се случила многу брзо. Стиви Џи за првпат ќе ја предводи Астон Вила против Брајтон, а на 11 декември следува мечот со Ливерпул на „Енфилд Роуд“.
„Мојот приоритет е Астон Вила. Она што можам да им го гарантирам на навивачите, играчите и тренерите е дека кога сум посветен на нешто, вложувам се што имам. Секако дека ќе сакам да го победам и Ловерпул на Енфилд“, додава Џерард.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
