Ѕвездата на Рома, Един Џеко е на чекор до договор со ЛА Галакси, според босанските медиуми. Договорот на напаѓачот со Рома истекува во јуни 2022 година и неговата иднина во главниот град на Италија останува непозната, особено по доаѓањето на португалскиот стратег Жозе Мурињо.
Сопругата на Џеко, Амра, има ќерка од претходниот брак која живее со двојката во Рим, наводно, таа веќе одбрала факултет во Лос Анџелес каде ќе студира следната година. Од Босна велат дека и сопругата Амра игра клучна улога во одлучувањето за иднината на напаѓачот, со оглед на тоа што таа веќе има живеено во Лос Анџелес.
Исто така, босанскиот агент Адмир Хусариќ, кој не е претставник на Џеко, потврди дека поранешниот фудбалер на Манчестер Сити може да биде на пат кон Лос Анџелес:
“Слушнав дека ќе се приклучи на ЛА Галакси, но не можам да ги откријам деталите бидејќи трансферот сè уште не е договорен”.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













