
Претседателот на Меѓународната фудбалска организација (ФИФА), Џани Инфантино повика денеска на „солидарност“ околу ослободувањето на фудбалерите во националните тимови за претстојните натпревари во септември, на што се противат англиските клубови.
„Повикувам на солидарност на сите наши здруженија -членки, на секоја лига и на секој клуб“, рече Инфантино, додавајќи дека ослободувањето играчи за идните обврски на националниот тим е „прашање на крајна итност и важност“.
Инфантино првенствено мислеше на клубовите од Премиер – лига, кои во вторникот објавија дека се противат на пуштање на своите играчи во земјите класифицирани во црвената зона, во кои, според британската влада, циркулацијата на коронавирусот е превисока. Британската влада воведе десетдневен карантин за секој што ќе се врати од земјите наведени во црвената зона.
Групата вклучува 60 фудбалери од 19 клубови кои треба да патуваат во 26 земји од црвената листа, претежно африкански и јужноамерикански земји. Инфантино истакна дека му пишал писмо на британскиот премиер Борис Џонсон и побарал „неопходна поддршка за да не им се одземе можноста на овие фудбалери да ги претставуваат своите земји“. Тој предложи да се примени пристап сличен на оној што го донесе британската влада за време на последната фаза на Европското првенство – ослободување од карантин – за претстојните натпревари во квалификациите за Светското првенство во 2022 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
