
Шкупи беше на прагот да го освои својот прв бод оваа сезона против АП Брера на гостински терен, но голот примен во последните секунди ги уништи надежите на чаирчани. Сега Шкупи има нов предизвик и во шестото коло ќе се соочи со екипата на Тиквеш, која не е во добра форма, но има предност на домашен терен.
Напаѓачот Ардит Дестани верува дека тимот е на вистинскиот пат и дека успехот ќе дојде со текот на времето.
„Како и за секој друг натпревар, нашите подготовки беа максимални, а целта останува иста, да освоиме три бода. Ќе го дадеме својот максимум, надевајќи се дека нашите напори ќе бидат наградени и дека ќе се вратиме во Скопје со позитивен резултат. Одиме во Кавадарци за да обезбедиме три многу важни бода за тимот и да ја зголемиме мотивацијата во нашите редови.“
Ардит Дестани смета дека само со тимска работа и посветеност може да се стигне до заедничката цел.
„Задачата на секој напаѓач, без разлика дали е централен или крилен, е да постигне гол. Јас постигнав погодок против Вардар и се надевам дека ќе бидам стрелец и против Тиквеш. Сепак, мора да работиме како тим, бидејќи на крајот најважен е позитивниот резултат, а не личната статистика. Нашиот тим е релативно млад, но добро го анализиравме Тиквеш и веруваме дека со максимална посветеност можеме да излеземе како победници“, изјави Дестани.
Натпреварот од шестото коло меѓу Тиквеш и Шкупи ќе се игра на Градскиот стадион во Кавадарци, со почеток во 15:30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
